Во врска со написот под наслов „Коњи ја уништуваат зградата на Туристичкиот инфоцентар на „Пониква“, информираме дека комуналните редари од Општина Кочани воспоставија контакт со сопствениците на коњите и преземаат мерки за надминување на проблемите што ги создаваат овие животни на „Пониква“.

Заради заштита на имотот, Општината веќе поднесе апликација за одобрување средства за оградување и дворно уредување на зградата на Туристичкиот инфоцентар.

Во насока на зачувување на јавното добро, природата и хигиената на „Пониква“ и на Осоговските Планини, Општина Кочани повикува на одговорно, совесно и грижливо однесување кон ресурсите.

Општина Кочани

111

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари