Во периодот од 18 август до 20 септември е воведена времена измена на режимот и условите на сообраќајот на ул. „Тодосија Паунов“ во Оризари.

Изменетиот режим на сообраќај е поради изведување градежни активности – изградба на лента за исклучување кон новоизградената улица „Гоце Делчев“ во Оризари и на Оризарски мост, како и гребење на асфалтниот коловоз и поставување нов асфалт на улицата „Тодосија Паунов“ во Оризари.

Се предупредуваат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да ја почитуваат времено поставената сообраќајна сигнализација.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари