На една седмица пред стартот на првенството во Втората Фудбалска Лига – Исток, фудбалерите на „Осогово“ го одиграа последниот контролен натпревар.

Противник им беше екипата на третолигашот „Кит Го“ која пред своите гледачи со прекрасна игра преку целиот натпревар ги совлада „жетварите“ со 4:1 (2:0) и ги остави со мисли со каква форма ќе го дочека стартот на првенството.

Единствениот погодок за „жолто-сините“ го постигна Александар Георгиевски при водство на домаќините од 4:0.

Дали овој пораз е лошо навестување на она што претстои во борбата за второлигашки бодови ќе видиме веќе следната Сабота кога во рамките на првото коло „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Кожуф“ од Гевгелија.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари