Од наш читател од Виница добивме известување за состојбата во нивната општина во пресрет на „Локалните избори 2017“ која Ви ја пренесуваме во целост.

Во пресрет на локалните избори , во Виница се опипува првичниот пулс на јавното мислење.

Пред граѓаните се поставуваат првичните анкетни прашалници поврзани со избор на градоначалник и градскиот Совет.

Во анкетните прашалници учествуваат потенцијални кандидати од СДСМ и коалицијата и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Резултатите покажуваат дека најсериозна опција за кандидат за градоначалник од СДСМ е претседателот на ОО СДСМ и в.д. директор на „Државниот комунален инспекторат“ Ивица Димитров.

Во редовите на ВМРО-ДПМНЕ , се води битка помеѓу сегашниот градоначалник Емил Дончев и Мартин Павлов кој што претендира да го наследи .

На прв поглед , резултатите и расположението на јавното мислење навестуваат интересен изборен натпревар помеѓу позицијата и опозицијата.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари