Незадоволни жители од улицата „Киро Кикенски“ од Кочани ни испратија неколку фотографии и текст во кој го искажуваат својот револт како што истакнуваат кон некоректноста од некои институции во општината.

Како што наведуваат минатата седмица на самата улица во непосредна близина на „Агенцијата за вработување“ била ископана дупка секако за да се изврши некаква санација. По завршените работи дупката останала до ден денес како и тогаш, не затрупана.

Изјавуваат дека се плашат за безбедноста на учесниците во сообраќајот, бидејќи лесно може да се случи во ноќните часови некој минувач или некое возило да заврши во неа.

Апелираат до надлежните, веднаш да се интервенира и улицата да се врати во првобитната состојба.

Што и да е во прашање не е до крај завршена работата која се започнала.

С. Ивановски

222

333

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари