Со одржувањето на Националната конференција во Кочани, заврши проектот „Растеме заедно со екоресурси“, кој беше поддржан од програмата „Еразмус +“ на Европската Унија чија цел беше на интересен начин да ги учи најмладите како да се грижат за својата животна средина и ефикасно да користат обновливите енергетски извори.

Во проектот кој се реализираше од септември 2015 година беа вклучени шест партнерски организации од две држави – Република Македонија и Република Бугарија: општините Кочани и Пазарџик, училиштата „Раде Кратовче“ и „Свети Климент Охридски“ и невладините организации Локална акциона група – Кочани и Центар за одржливост и економски развој од Пазарџик.

На Националната конференција во Кочани беа презентирани Стратегијата за развој на стратешко партнерство во образованието меѓу општините Кочани и Пазарџик, но и пилот активностите на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ како дел од овој проект. На најуспешните ученици активисти им беа доделени награди.

Во рамките на проектот беа изготвени осум прирачници за наставниците на ученици од второ до деветто одделение на темите енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Во проектот учествуваа околу илјада ученици и 80 наставници од двете училишта.

DSC_0363

DSC_0389

DSC_0414

DSC_0421

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари