Ноќта во средата спрема четвртокот засега неидентификувани вандали влегле во дворот на ОУ „Малина Попиванова“ и ги уништиле фудбалските стативи и кошаркарските обрачи.

Стативите биле откорнати од игралиштето а кошаркарските обрачи насила извадени  при што се оштетени и кошаркарските табли.

Известени се надлежните во Полициска станица – Кочани, кои извршиле увид на самото место и трагаат по сторителите на овој нецивилизиран вандалски чин.

Симптоматично е што овој вандализам е направен на неколку дена пред почетокот на новата учебна година.

Како што не информираше директорот на училиштето Ивица Цимбаљевиќ штетата е околу 30.000,00 денари, но тој е цврсто уверен дека и стативите и кошевите ќе бидат ставени во функција на учениците веќе од првиот учебен ден во новата школска година.

С. Ивановски

89

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари