Во четвртокот навечер во „Паб Комедија“ во Скопје беше промовирана првата книга на Стојан Рашков „Трнливиот пат на една македонска фамилија“ I дел од трилогијата „Патот на борбата“.
Промоторка на книгата беше театарската режисерка Драгана Гунин, која заедно со Рашков беа волонтери во младински центар во Летонија 2016та година.
Самата промоција на книгата предизвика голем интерес кај младата популација, а големиот број на гости од дипломатијата и видни јавни личности му дадоа посебен шарм на настанот.
Рашков истакна дека е пресреќен што конечно успеал да ги собере на едно место потомците на македонските војводи, особено правнукот на раководителот од 1902 година на Кочанскиот револуционерен комитет. Промоцијата завршила со хуманитарна забава, а собраните средства Стојан Рашков ги донирал за лекување на малата Марија од Велес.
Следната седмица книгата ќе има своја промоција и во Кочани.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.