На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани днес свечено беа отворени „XXII Републичките пензионерски спортски натпревари“ на кои учествуваат 500 натпреварувачи од 40 Пензионерски здруженија од Република Македонија.

Натпреварувањето е во 11 дисциплини а за највисоките места ќе се борат 264 во машка и 236 натпреварувачи во женска конкуренција.

Пред свеченото отворање на натпреварите гостите ги поздравија Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика, Ѓорги Серафимов – Претседател на Здружението на пензионери од Кочани, Ратко Димитровски – Градоначалник на Општина Кочани и Сотир Каровски – Потпретседател на Сојузот на пензионери на Република Македонија.

С. Ивановски

DSCN0203

DSCN0216

DSCN0195

DSCN0254

DSCN0262

DSCN0257

DSCN0263

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари