Невремето што го зафати Кочани во утринските часови си го зеде својот данок.

Од поројниот дожд и силниот ветер паднаа повеќе стари дрвја во градот и околината а најдебелиот крај според првичните информации ги извлекло возилото на „Имотно-правни односи“ при Општина Кочани.

Едно од дрвјата во паркот паднало на еден дел од возилото кое било паркирано и го оштетило.

На место на настанот излегла дежурната противпожарна екипа која заедно со дел од вработените во КЈП „Водовод“ го отстранија дрвото од возилото.

На повеќе места во градот паднатите дрва од страна на екипи од КЈП „Водовод“ и ТППЕ – Кочани беа веднаш отстранети од коловозот и од тротоарите така да сообраќајот а и фреквенцијата на пешаците се одвиваше нормално.

С. Ивановски

DSCN0275

DSCN0273

DSCN0279

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари