Се одиграа натпреварите од првото коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Дванаесет екипи го започнаа натпреварувањето а веќе во првото коло може да се насети кои екипи за каков пласман ќе се борат во првенството.

Кочанчанки на гостувањето во Струмица претрпеа пораз и дома се враќаат со шест голови во мрежата. Еден од дебитантите во лигата „Каменица Саса“ со двоцифрен резултат загуби дома, И другите двајца дебитанти претрпеа порази. Минатогодишниот шампион „СЦ Истатов“ предводен од маестралната Ели Јаковска која постигна 7 голови, до врв му ја наполни мрежата на според најавите еден од фаворитите за првото место „Борец“ од Велес.

Комплетни резултати од првото коло:

„Тиверија“ – „Кочани“  6:0

„Каменица Саса“ – „Драгон 2014“  0:17

„СЦ Истатов“ – „Борец“  10:4

„Ас Јунајтед“ – „Топ Гол“  3:1

„Атлетико“ – „Тетово“  9:0

„Речица“ – „Њу Јорк“  4:0

Во следното коло „Кочани“ ќе му биде домаќин на „СЦ истатов“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари