Со доизградбата на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Оризари се имаше цел да се добие подобра сообраќајна врска и подобар влез и излез во населбата при нејзиното поврзување со Регионалниот пат и градот Кочани.

Деновиве стручни лица ни се обратија со известување дека самиот влез и излез во населбата од и кон регионалниот пат не е според сообраќајните стандарди. Како што наведуваат истите лентите за влез и излез се претесни а на само неколку метри од нив има кривина која ќе им задава доста главоболки на возачите.

Малата ширина на лентите за влез и излез во Оризари не гарантираат дека ќе може безбедно по нив да се движат тешки моторни возила и автобуси,

Дали при проектирањето на овој дел од улицата „Гоце Делчев“ е направена грешка или не, времето ќе покаже.

Инаку доозградбата на улицата „Гоце Делчев“ е во должина од 743 метри и широчина од 7 метри. Од двете страни на коловозот треба да постојат тротоари со широчина од 1,5 метри.

Улицата се гради од Грантот што е добиен со помош на ЕУ ИПА Инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра а за истиот од Општинскиот Буџет издвоени се 56.000 евра.

Како и за поголемиот број улици и другите градежни објекти во Општината и овој пат за изведувач се јавува компанијата „Жикол“ од Струмица

С. Ивановски.

DSCN0282

DSCN0287

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари