Со положување на цвеќе на „Споменикот на слободата“ и на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, започна годинешното чествување на двата големи празника, 7-ми Септември – ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември ден на независноста на Република Македонија.

Делегации од Општина Кочани, од Сојузот на борци од НОВ и од ОО на СДСМ – Кочани положија букети цвеќе со што уште еднаш им оддадоа почит на сите оние кои ги дадоа своите животи за слободна Македонија.

С. Ивановски

DSCN0294

DSCN0300

DSCN0306

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари