Почитувани сограѓани

Општинската организација на СДСМ и локалниот клуб на СДММ од Кочани на своите сограѓани им го честитаат 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани, а на сиот Македонски народ 8-ми Септември денот на Независноста на Република Македонија.

По тој повод денес, претставници на нашата општинска организација положија свежо цвеќе пред „Споменикот на Слободата“ и на бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче во „Паркот на Револуцијата“, кои ги дадоа своите млади животи за денешна Македонија.

За жал почитта кон паднатите борци од НОБ, изостана од останатите партии и граѓански иницијативи, за кои веруваме дека биле спречени но не ги заборавиле овие важни датуми од Македонската историја.

Драги сограѓани, режимот го поразивме на парламентарните избори со пенкало и глас.

Дојде време вистински да се спротивставиме и на корупцијата и самоволието и во нашиот град.

Време е да покажеме одговорност, да обезбедиме еднаквост, да изградиме град за секого!

За живот во Кочани!

Со почит, СДMM Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари