Жителите од улицата „Енгелсова“ која продолжува во „Ѓорѓи Пулевски“ ни доставија писмо во кое бараат помош од општината за решавање на како што истакнаа нивниот голем проблем. Писмото во интерес на вистината Ви го пренесуваме во целост.

Задоволни од вашата досегашна соработка, пак ви пишуваме за еден проблем од нашето соседство, кој доколку со ваша помош го подигнеме гласот, можеби ќе го слушнат и властите и ќе ни го решат проблемот.

Поточно се работи за ставање асфалт на завршетокот на улицата „Енгелсова“ (Ѓорѓи Пулевски), кој се наоѓа над Десниот Водоводен Канал.

Овде во последните години се градат нови куќи , лугето си купуваат нови коли, но и колите и фасадите се уништуваат од дупките и прашината, личи како да живееме во некое поле, земја, прашина, дупки, кал.

Проблемот кога заврне дожд е уште поголем-дотечената вода прави големи вади-канали по сред пат, децата па и возрасните не можат да се движат како во 21 век, а асфалтираниот дел од „Енгелсова“ е претрупан со 10см кал, донесена од не асфалтираниот крак, преку каналот и им прави огромни проблема на жителите од тој дел (кал па потоа прашина). Деновиве екипите од „Водовод“ прават прекопување на патот-вада, над каналот со цел сета кал и нечиста вода да оди во десниот водоводен канал, зошто калта оди се до печатницата „Младост“ а канализациите и атмосферските шахти се полни со кал!!

Но тоа ли е решение во 21 век во градска средина? Прекопан пат-вада-да си ги кршиме колите.. каде живееме? Во Кочани или во некоја рурална средина? Гласно бараме преку вас да известите, па можеби сега предизборно ќе не чујат: да се асфалтира кракот од „Енгелсова“ до крајот на Куќите-30тина метри, а доколку е можно и да се поврзе до улицата „Искра“ во „Усова Чешма“ – 1000м најмногу.

Инаку тој пат го нарекуваат „Пазарски Пат“, некогаш од тука бил главниот пат за Кочани на Оризарци, и сега постои тој црн пат, а во планот е зацртано од каналот патот да води до болницата кај Оризари. Но ние жителите на оваа улица не го бараме тоа, само сакаме кога ќе излеземе од дворовите да одиме по асфалт како граѓани на Кочани а не како на некое планинско село.

Ви благодариме од името на цело Маало и се надеваме дека овој текст (наш апел) ќе допре до општинарите.

Поздрав

42

43

44

45

46

47

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари