Првин сакам да им се заблагодарам на сите за присуството на вчерашниот настан и воедно да го честитам празникот на градот и денот на независноста на РМ на сите жители на Општина Кочани.

На донаторскиот дел собрав 12.200,00 денари кои ќе ги донирам. Присуството на голем број млади и стари ме направи уште посреќен со оваа приказна, затоа што ја напишав разговарајќи со старите за младите да прочитат каква судбина имале семејствата кои се бореле за ова парче земја.

Особена чест ми беше што дојдоа потомци на војводата Иван Јанев – Брло, војводата Димитар Каракашов, војводата Славчо Абазов, војводата Дончо Христов, комитата Јован Миладинов и семејството Романови (носители на Илинденска Споменица 1903).

Кочанската јавност конечно имаше можност да види автентични предмети од револуционерниот период во градот, семејниот фонд бр.1555 ,,Рашкови” Државен архив на РМ кои се зачувани, подарени од моето семејство на државата за да сведочат вечно за историјата на градот Кочани.

Со почит,

Стојан Рашков

21460048_1677454672286890_2

20170907_204140

20170907_204042

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари