На првиот натпревар како домаќини екипата на „Кочани“ ги одмери силите со минатогодишните освојувачи на двојната круна „СЦ Истатов“. Домаќините претрпеа пораз, но воопшто не разочараа, напротив беа рамноправен партнер со до 58’ кога резултатот беше изедначен.

Првите возбудувања се случија во 8’ кога по еден старт на гостински играч од зад грб над А.Ѓорѓиева во шеснаесетникот судијата Игор Иванов од Велес не го окарактеризира како удар од белата точка, што беше причина домаќините да реагираат. Потоа гостите беа тие кои создаваа шанси за гол но Костова како да имаше сто раце секој удар кон нејзиниот гол барвурозно го бранеше.

Се играше 27’ кога од десната страна Петровиќ остро центрираше од слободен удар, капитенот на домаќините А.Ѓорѓиева беше на вистинското место, биеше од прва и гостите мораа да тргнат од центарот. Само девет минути подоцна (36’) резултатот беше изедначен. Чонева беше сама пред Костова, биеше но домашниот голман уште еднаш одбрани, но за нејзина несреќа топка се одби на дваесетина метри од голот до Белистојаноска која од прва упати удар и топката заврши во самиот десен горен агол.

Натпреварот беше решен во второто полувреме, поточно од 58’-64’.

58’ Костеска биеше од слободен удар од косо од левата страна, топката удри во левиот дирек и заврши во мрежата на Костова.

62’ По проигрувањето во празно Петревска остана сама пред Костова и со одмерен удар по трет пат ја затресе нејзината мрежа.

72’ Јаковска доби топка на левата страна ја сочека Костова да и појде во пресрет а потоа со манир на искусен стрелец ја спроведе топката по земја во нејзината мрежа.

74’ Идентична акција како при постигнувањето на четвртиот гол само што овој пат Чонева беше проиграна на десната страна, следуваше удар по земја и „рибарките“ отидоа на 5:1.

Во 88’ Беше поставен конечниот резултат кога Чубриноска го изведе слободниот удар од дваесетина метри а топката заврши во самиот горен лев агол на штотуку влезениот резервен голман на домаќините Апостолова.

Кога се ќе се собере заслужена победа на гостинките од Дојран а на девојчињата на „Кочани“ им останува уште повеќе физички да се подготват за да бидат уште порамноправни во ваквите дуели.

С.Ивановски

DSCN0825

 

DSCN0906

DSCN0764

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари