На 10.09.2017 година околу 22.20 часот, на ул. „Јане Сандански“ во Кочани, настанала вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу В.А. (37) и А.Д. (33) од една страна и Л.А. (58), сите од Кочани.

В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што Л.А., со нож на В.А.  му нанел повеќе убоди во пределот на телото.

В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде бил препратен во Клинички центар Скопје, а Л.А. и А.Д. биле приведени во Полициска станица Кочани.

По овластување на Јавен обвинител,  увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари