Добрите игри на Јован Манев кои ги прикажа на подготвителните, куп и првенствени натпревари не останаа незабележени.

Деновиве тој доби покана од селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години Горан Станиќ да се приклучи на подготовките за натпреварите против соодветната селекција на Кипар кои се закажани за 12 и 14 Септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Повикот е во вистинско време и на вистинско место.

Искрено следејќи го овој млад играч повеќе години нема да биде никакво изненадување доколку за некоја година добие повик и во повисоките категории.

Јован, само напред и осветли го образот на фудбалско Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари