Направената анкета од страна на „Брима Галуп“ а објавени на 23.Јуни 2017 година, и на „Павел Шатев“ кој во периодот од 02-12 Септември 2017 година испита 1.230 граѓани покажуваат евидентно покачување на рејтингот на СДСМ.

Според „Брима Галуп“ во Јули 2017 година рејтингот на СДСМ изнесува 22,4% а на ВМРО ДПМЕ 19,8%.

За илустрација само „Брима Галуп“ во претходните анкети објави дека во  Февруари 2015 година СДСМ имал рејтинг од 16,1% а ВМРО ДПМНЕ 27,1%, за да веќе во Ноември 2016 година евидентен е порастот на рејтингот на СДСМ (18,9%) за сметка на оној на ВМРО ДПМНЕ (23,7%) кој евидентно е дека е намален.

Според објавената анкета на „Павел Шатев“ која беше деновиве објавена рејтингот на СДСМ се разликува од оној на ВМРО ДПМНЕ но и од оваа анкета се гледа дека во последните 18 месеци рејтингот на СДСМ бележи пораст.

Како илустрација само рејтингот на СДСМ пред осумнаесет месеци изнесувал 12,9% а во Јули 2017 година 18,9%.

Објавена е и табела на рејтингот кај политичарите во која јасно се гледа дека премиерот Зоран Заев е во предност пред Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Целата табела на популарноста на политичарите е наведена во табелата која е како фотографија поставена под самиот текст.

С. Ивановски

anketa-brima-rejting

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари