Како што не информираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани вечерва се одржа закажаната Општинска Изборна Конференција на која беше верификувана кандидатурата за Градоначалник на Општина Кочани а воедно беше усвоена и листата на советници за во Советот на Општина Кочани.

Кандидат од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани за претстојните Локални избори ќе биде Ратко Димитровски кој ја доби поддршката од делегатите ќе се обиде да ја добие и довербата од гласачите и по трет пат едно по друго седне во градоначалничката фотелја.

Од партијата информираат дека усвоена е и листата на советници за во Советот на Општина Кочани, но имињата не ни беа доставени од причина што не бил направен распоредот.

За утре (Четврток) како што најавија и тоа ќе биде познато по што листата ќе ни биде доставена и ќе ја презентираме на нашите читатели.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари