Комисијата во состав Данчо Целески, Суад Зендели и Зоран Мицевски беа задоволни од она што им го презентираше Александар Андов од Кочани на денешното полагање и му ја врачија „Б“ лиценцата на УЕФА за тренер на голмани.

Андов е прв во овој регион што од денес ќе ја поседува соодветната лиценца.

Покрај Александар Андов со иста лиценца се здобија и Томи Пандев (Струмица), Љупче Колев (Штип) и Александар Митрев – Санто (Штип).

Честитки за Андов за добиената лиценца.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари