Вечерва во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани го претстави кандидатот за градоначалник и листата на советници кои ќе бидат на гласачките ливчиња на претстојните Локални избори на 15 Октомври.

Најпрвин беше претставен носителот на листата за советници Лазо Митев а веднаш по него и останатите кандидати за советници: 2.Ангел Максимов, 3.Снежана Хаџи Паунова, 4.Кирил Ѓеорѓиев, 5.Јордан Димитров, 6.Гордана Арсова, 7.Дарко Стојчевски, 8.Татјана Лазарова Осоговска, 9.Бети Кузмановска, 10.Диме Атанасовски, 11.Васе Алексов, 12.Катерина Карова, 13.Горјан Алексов, 14.Бејсим Шаќиров, 15.Роза Тодосова, 16.Звонко Митков, 17.Јулија Цоневска, 18.Славица Ангелова, 19.Бојан Станков.

По претставувањето на кандидатите за советници на присутните им се обрати носителот на листата, воедно и Претседател на ОК на ВМРО ДПМЕ – Кочани, Лазо Митев.

Претставен беше и кандидатот за градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски кој по трет пат едно по друго како што истакна се надева дека ќе ја добие функцијата и дека во наредните четири години ќе биде на чело на општината.

С. Ивановски

DSCN1087

DSCN1090

 

DSCN1091

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари