ОО на СДСМ – Кочани вечерва во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани го претстави над кандидатот за градоначалник подржан од СДСМ и Коалицијата Николчо Илијев и кандидатите за советници кои се најдоа на листата.

Најпрвин свое обраќање имаа Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија и Оливер Спасовски, Заменик на претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија. Тие зборуваа за поддршката која СДСМ и Коалицијата му ги даваат на Илиев на претстојните Локални избори како и ветувањата дека Владата ќе ги поддржи сите проекти кои ќе бидат од интерес на граѓаните а ќе бидат ставени во Програмата на Илијев.

Беше претставен носителот на листата за советници Томе Солевски како и 2.Благој Ситновски, 3.Гордана Антова, 4.Сашко Стефановски, 5.Дени Богатинов, 6.Валентина Андонова, 7.Ѓорѓи Алексов, 8.Мите Ѓорѓиев, 9.Емилија Серафимова, 10.Станка Захариева, 11.Каан Мачев, 12.марија Мишева, 13.Марија Ангелова, 14.наталија Ѓоргиева, 15.Александар Соколов, 16.Лилјана Шалева-Нисева, 17.Славица Давиткова, 18.Ќиро Тодоровски, 19.Благој Захариев.

Претставениот над кандидат Николчо Илијев обраќајќи им се на присутните најпрвин им се заблагодари на поддршката што му ја даваат да ги претставува. Како што истакна иако не е член на СДСМ сепак е социјалдемократ по своето убедување. Илијев вети дека ќе води мирна кампања во која нема да има валкани работи туку во неа ќе преовладаат проекти од економијата и развој на градот и дека ќе настојува да има помирување на сите граѓани во општината се со цел Кочани да биде општина во која нејзините граѓани ќе се чувствуваат горди на она што ќе го имаат.

Обраќањето на Николчо Илијев беше проследено со овации од присутните во салата.

С. Ивановски

DSCN1113

DSCN1121

DSCN1169

DSCN1161

DSCN1163

DSCN1117

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари