Фудбалски љубител што денес не се најде на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани долго ќе жали од причина што не ја виде во живо најдобрата фудбалска претстава на „жетварите“ во последните неколку години. Денес играчите на „Осогово“ гинеа за секоја топка, трчаа, напаѓаа а кога требаше и успешно се бранеа со што го изненадија реномираниот противник „Плачковица“ од Радовиш.

Денес „жолто-сините“ играа фудбал за сите вкусови но сепак немањето добра завршница беше причината да се плашат дека нема да успеат да ја совладаат една од трите најквалитетни екипи во лигата.

4’ Тоше Манов одлично беше проигран во празно но некако како да не појде на топката како што треба па гостинскиот голман успеа да излезе и да ја отстрани опасноста.

Гостите кои сме ги гледале во Кочани и во подобри изданија првиот удар кон голот на Лазаров го упатија во 13’ но топката беше лесен плен за домашниот голман.

20’ школски изведена акција на домаќините, Атанасовски се проби по левата страна, нафрли по земја до Тоше Манов на само метар од голот на гостите но голманот Бехар со прекрасна интервенција спречи радост на петстотините гледачи.

28’ идентична акција на „жетварите“ повторно Тоше Манов беше проигран во шеснаесетникот, кој од прва ја врати топката на работ од шеснаесетникот, следуваше удар на Атанасовски но бехар се издолжи и од самиот долен лев агол ја исфрли топката во корнер.

1:0 (40’) – и конечно радост и кај домашните играчи и кај нивните симпатизери. Коцевски упати прецизен удар од шеснаесетина метри Бехар одлично интервенираше, но топката доби чудна патека и влезе во неговата мрежа.

Второто полувреме домаќините како да подзастанаа, ја препуштија средината на теренот на Радовишани а својата шанса ја бараа од контра напади.

53’ На една високо нафрлена топка гостинската одбрана подзаспа Атанасовски влета биеше итро од прва но топката покрај левиот дирек заврши во гол-аут.

58’ на центрираната топка од левата страна натрча Атанасовски, биеше но овој пат пречката го спаси голот на гостите.

DSCN1448

1:1 (60’) резултатот е 1:1, казната ги стигна кочанчани за неискористените шанси. Во домашниот шеснаесетник В.Коцев стартуваше на Најдов и судијата Илиоски покажа на белата точка. Пеналот сигурно го изведе Петров кој биеше во спротивниот  агол од онаму каде интервенираше Лазаров.

64’ по еден карамбол во гостинскиот шеснаесетник топката доби чудно движење и заврши во пречката.

66“ одлично нафрлена топка од десната страна но гостинскиот играч Д.Коцев не се снајде најдобро, од само неколку метри биеше со глава но беше непрецизен.

DSCN1512

2:1 (80’) Сепак на крајот домаќините беа тие кои и се радуваа на победата а победникот беше решен во 80’ кога Коцевски убаво го вработи Атанасовски кој излезе сам малку од лево пред Бехар а кога овој му појде во пресрет рутинирано со удар по земја го совлада.

До крајот на натпреварот домаќините умешно го чуваа тешко стекнатото водство за да по последниот судиски свиреж со „Сејмени“ ја поделија радоста за трите освоени бода.

Комплетни резултати од 3-тото коло:

„Осогово“ – „Плачковица“  2:1

„Беласица“ – „Каменица Саса“  1:0

„Борец“ – „Брегалница“  1:1

„Победа“ (В) – „Кожуф“  1:2

„Хоризонт Турново“ – „Тиквеш“  2:5

С. Ивановски

DSCN1572

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари