Лош распоред и уште полош почеток за девојчињата на „Кочани“ во новото фудбалско првенство. И во третото коли „жетварките“ со шест голови во мрежата го завршија натпреварот. Овој пат шестката ја заработија во Битола против домаќинот „Атлетико“.

Но дека во Македонскиот женски фудбал има големи разлики помеѓу екипите покажува самиот старт на првенството. По само три кола јасно е каде е сконцентриран квалитетот, кај екипи кои вложуваат во фудбалот и екипи кои создаваат неколку години екипа со поголемиот број на сопствени играчи.

Резултати од 3-тото коло:

„Атлетико“ – „Кочани“  6:0

„Тиверија“ – „Топ Гол“  11:0

„СЦ Истатов“ – „Ас Јунајтед“  3:1

„Каменица Саса“ – „Борец“  0:14

„Њу Јорк“ – „Драгон“  0:16

„Речица“ – „Тетово“  0:2

Поради обврските на репрезентацијата до 17 години првенството се прекинува, а 4-тото коло ќе биде на програмата на 07 Октомври.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари