Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клубот „ФАТИ“ од Тетово, денес во „градот под Шара“ се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Тетово Опен 2017“.

На турнирот на кој учествуваа голем број натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија Албанија и Косово.

Карате Клубот „Партизан“ од Кочани настапи со тројца свои претставници кои освоија 4 медали, 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени.

Ѓорги Петров во категоријата до 55 килограми (генерација 2004) го освои златниот медал, а во категоријата до 52 килограми (генерација 2001-2003) стигна до бронзата.

Роберто Здравковски во категоријата до 52 килограми (генерација 2001-2003) го освои сребрениот медал, а во категоријата до 57 килограми – кадети бронзениот медал.

Кристијан Грозданов третиот претставник на КК „Партизан“ од Кочани остана без медал.

По летната пауза која беше долга ова се први медали за натпреварувачите на еден од најреномираните карате клубови во државата.

С. Ивановски

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари