По неколку сезони поминати во младинските категории на „железничарите“, завчера на натпреварот со „Шкендија“ одигран во рамките на 5-тото коло од Првата Македонска Фудбалска Лига своето официјално деби за првиот тим го имаше Андреј Лазаров.

Лазаров довербата на тренерот Виктор Треневски ја доби и во игра влезе во 85’ кога гостите од Тетово веќе имаа водство од 6:2.

Андреј Лазаров првите чекори ги има направено во локалниот клуб „Младост“ од Оризари сега далечната 2007 година а прв тренер му беше Иван Николов – Мечо.

Иако беше од категоријата „цицибани“ Лазаров тогаш настапуваше во пионерската екипа а својот голем раскошен талент го потврди на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани кога против екипата на ФК „Кочани“ која беше суверена во таа категорија на истокот постигна два гола.

Пред три години за неговите фудбалски квалитети веќе отворено се зборуваше кога настапуваше за екипата на „Кочани“.

Тоа не остана незабележено од познавачите на фудбалските збиднувања па Горанчо Горгиев – Гоки кој годишниот одмор го минуваше во Македонија го однесе на проба во „Работнички“ каде и тој имаше настапувано.

После се е само историја.

Знаејќи за каков потенцијал се работи убедени сме дека за мошне краток период Лазаров ќе добива се поголема минутажа и ќе стане незаменлив во екипата од Дебар маало.

С. Ивановски

112

P1110877

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари