На претстојните Локални избори кои се закажани за 15 Октомври гласачите од Општина Кочани ќе бираат меѓу тројцата кандидати за градоначалник и трите советнички листи, кому со својот глас ќе му ја дадат довербата во следните четири години да менаџира со општината и да ги донесува одлуките во Советот.

ОО на СДСМ – Кочани му ј даде довербата на над кандидатот Николчо Илијев признат и познат стопанственик не само во Македонија туку и надвор од нејзините граници. Илијев е на чело на компанијата „ИНТ“ која е еден од најголемите брендови на Македонската текстилна индустрија како во рамките на Европа така ѝ пошироко.

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани и во овој изборен циклус довербата му ја даде на Ратко Димитровски кој и во изминатите два мандати беше на чело на Општината. И Димитровски е познат и признат стопанственик а неговата компанија „Европа ’92“ е бренд кој нешто значи во печатарската индустрија како во Македонија, така и надвор од нејзините граници.

Третиот кандидат за градоначалник кој ќе ја бара довербата од гласачите е Методи Јованов кој доаѓа од партијата СДПМ.

Гласачите ќе можат својот глас да го дадат и за една од трите листи за советници: СДСМ и Коалицијата, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и Независна листа на група избирачи.

Кој ќе ја добие довербата ќе биде познато неколку часа по затворањето на кутиите (19:00 часот) на 15 Октомври оваа година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари