Жители од улиците „Киро Кикенски“, „Блаже Поп Арсов“, „201“ и „Дуди Ханум“ ни испратија фотографии со известување дека дел од нивните улици се ископани, подготвени за асфалтирање но повеќе од една седмица оставени така да стојат.

Жителите се револтирани бидејќи како што истакнаа нема никакви обележја дека улицата е прекопана па учесниците во сообраќајот особено оние со патнички возила во ноќните часови мака мачат кога ќе наидат на нив.

Во известувањето јавно прашуваат дали улиците вака оставени се чуваат да се асфалтираат како дел од изборниот маркетинг на актуелниот градоначалник.

Инаку како што истакнуваат, тие самите се организираат и во вечерните часови поставуваат знакови на предупредување се со цел некој да не „заглави“ во нив и да си го оштети возилото.

До почетокот на кампањата остануваат уште три дена дали во периодот на кампањата истите ќе бидат асфалтирани или не ќе видиме за многу кратко време.

С. Ивановски

12

13

14

15

16

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари