Поради изведување градежни работи, во периодот од 25 до 30 септември времено ќе биде изменет режимот и условите на сообраќајот на улицата „14 Бригада“ во Кочани.

Околу местото на изведување на работите, односно на почетокот на улицата кај крстосницата со „Гоце Делчев“ и на крстосницата на „Цар Самоил“ со „Доктор Николиќ“ ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Соодветно на потребите, изведувачот е должен да овозможи уредно и безбедно одвивање на сообраќајот и по потреба пренасочување на сообраќајот по улиците „Доктор Николиќ“ и „Кирил и Методиј“.

Се повикуваат учесниците во сообраќајот да го почитуваат изменетиот режим и времено поставената сигнализација.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари