Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток. Три победи забележаа домашните екипи, една гостинска екипа стигна до трите бода и еден натпревар заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

Соседите „Осогово“ и „Каменица Саса“ поминаа како боси по трње, и „Беласица“ и „Брегалница“ ги торпедираа и со по пет парчиња во мрежата ги оставија да размислуваат за следното коло кога на програмата е локалното дерби.

„Плачковица“ по двата последователни порази конечно ја сопре црната серија и рутинирано слеваше над младата екипа на „Хоризонт Турново“.

Во Кавадарци „лозарите“ со доста мака ја совладаа цврстата екипа на „Победа“ а додека „Кожуф“ одигра без голови како домаќин со фаворизираниот „Борец“.

Резултати од 4-тото коло:

„Беласица“ – „Осогово“  5:0

„Каменица Саса“ – „Брегалница“ (Ш)  0:5

„Кожуф“ – „Борец“  0:0

„Плачковица“ – „Хоризонт Турново“  3:2

„Тиквеш“ – „Победа“ (В)  1:0

На табелата со максимален број на бодови 12, води екипата на „Беласица“ пред „Тиквеш“ со 9, „Брегалница“ 8, „Кожуф“ 7, „Борец“, „Плачковица“ и „Осогово“ со 6, „Победа“ 2, „Каменица Саса“ и „Хоризонт Турново“ 0 бодови.

Следното коло се игра во Вторник (26 Септември) а во Кочани „Осогово“ ја пречекува екипата на „Каменица Саса“.

С. Ивановски

DSCN1939

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари