На вчерашното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори за претстојните „Локални избори 2017“ намерно или не беше направена грешка кај еден од кандидатите за градоначалник.

Пред името на кандидатот од СДСМ беше поставен лист хартија со грешно напишаното негово презиме. На фотографиите остана запишано Николчо Илиев а не како што е пријавен Николчо Илијев.

Намерна или не, грешката е направена па ќе мора некој во иднина добро да внимава кога извршува вакви работи бидејќи ваквите грешки се мали ама многу големи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари