Почитувани сограѓани,

Денеска е првиот ден од кампањата за локалните избори.

Како што веќе најавив  целокупната моја кампања ќе се заснова на градење на позитивен амбиент во кој граѓанинот ќе биде пред сè, кампања во која разговараме за проекти и за подобра иднина на целата општина.

Тоа значи дека ќе ГРАДИМЕ ПО ПЛАН – ќе обезбедиме инфраструктура за сите. Улици, патишта, водоводи, канализации, според потребите на граѓаните. Подеднакво и во градот и во селата.

При градењето и планирањето најстрого ќе водиме сметка за ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА.

Чистата вода и воздух не се луксуз, туку потреба на сиот жив свет.

Јавното комунално претпријатие мора да нуди професионална услуга, преку намалени трошоци за граѓаните.

Депонијата во Бели да се дислоцира.

Должни сме да го вратиме рејтингот на Кочани како најчист град во државата. Да обезбедиме услови за здрав живот за сите.

Наша заложба ќе биде да обезбедиме ПОВЕЌЕ ПАРИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ и за општината.

Да ги здружиме стопанствениците, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Чесната и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните.

Општината мора да биде ОТВОРЕНА И УСЛУЖНА. Граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Правилно располагање со приходите и  разумно трошење.

Чесно и одговорно – за да има живот за сите!

Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина.

Да има живот во Кочани за сите!

Моето име е Илијев Николчо, а Кочани е мојата општина!

DSCN2331

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари