Деновиве група млади од Кочани посетија едно од социјално загрозените семејства во градот се со цел да им се помогне и за миг тие да почувствуваат дека не се заборавени од сограѓаните.

„Ние младите секогаш сме подготвени да подадеме рака, да пружиме помош онаму каде што е најпотребно, со само еден ваков момент можеме да промениме нечиј живот. Секој заслужува пристојни услови за живот, ние како млади луѓе секогаш ќе се бориме за подобро утре за сите. Нека оваа акција биде патоказ за многу други, да подадеме рака кога можеме. За живот во Кочани“ беше дел од изјавата на Александар Зафиров еден од организаторите на оваа хумана акција.

Акцијата е реализирана со помош на Ратко Накашев, Мартин Зиков, Милан Арсов, Илија Ѓоргиев (Дивидија), Филип Илиев, Ненад Јовиќ и Александар Зафиров, од Кочани,

Сите заинтересирани кои сакаат да ја продолжат оваа хумана акција, тоа ќе можат да го реализираат преку контакт телефонскиот број 075-603-595 (Софка).  

12

15

14

13  

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари