Почитувани сограѓани,

Како што најавив и вчера, ќе градиме по план, ќе обезбедиме инфраструктура за сите.

-Ќе ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура за да биде во функција на граѓаните

-Ќе градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина

-Ќе ги намалиме разликите помеѓу градските и селските средини.

Како еден од главните инфраструктурни проекти ќе биде воспоствување на нов сообраќаен режим и асфалтирање на сите улици.

Сите многу добро знаеме дека актуелниот сообраќаен режим во Кочани е нефункционален, а некаде целосно блокиран и закочен. Денешниот динамичен тренд на живот има потреба од регулирање на сообраќајниот режим.

Затоа ќе понудиме нов начин на регулирање на сообраќајот во Кочани, преку изградба на сообраќајни мостови кај џамијата, монополски бавчи и во населба Оризари, кај месноста викана Витоша, како и изградба на кружен тек, кај двојниот мост.

Исто така во нашата програма имаме предвидено и изградба на катна гаража, со цел да се регулира паркирањето во градот.

Со овие проекти, ќе биде олеснето движењето на сите учесници во сообраќајот, а безбедноста подигната на највисоко ниво.

Драги мои сограѓани, ова се само дел од проектите кои Ви ги прикажавме, има уште многу, како што се: изградба на старечки дом, реконструкција на градскиот парк, гасификација на градот, изградба на младински центар, изгрдба на детски градинки, и многу други проекти.

Се надевам дека ќе ја имам Вашата доверба за да ги реализирам овие проекти, со кои преку градење по план, ќе го подобриме животот во Кочани и Кочани ќе ја направиме отворена и услужна општина за сите!

DSCN2370

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари