ТРИ ГОДИНИ САМО СТАНАРИТЕ ГО ОДРЖУВААТ ДЕТСКИОТ ПАРК

август 18, 2023
0 минути

Станарите од комплексот „Алекс“ реагираат на не домаќинскиот однос од страна на КЈП „Водовод“ кон детскиот парк кој е во непосредна близина на комплексот а и околу одржувањето на хигиената на улицата „Скопска“ што минува покрај комплексот згради.

Како што истакнуваат, хигиената во детскиот парк е на загрижувачко ниво, ако се знае дека дечињата од околните згради овде го поминуваат слободното време а сметот никој не го собира ниту го уредува паркот, тогаш станарите се приморани сами да го чистат сметот и да го одржуваат паркот. Барем така било во овие три години.

Во понатамошниот дел од писмото истакнуваат дека улицата на овој потег не се редовно одржува кога е во прашање хигиената а наоколу има маркети кои ја фрлаат амбалажата кај контејнерите но таа така фрлена со денови стои Апелираат до комуналното претпријатие „Водовод“ да си ја врши редовно работата за која се платени, односно да го одржуваат паркот а и редовно да го собираат сметот од улицата.

Од надлежните служби дознаваме дека набргу детскиот парк ќе биде преуреден. Има проект кој во многу блиско време ќе биде реализиран и дечињата ќе добијат услови за игра каква заслужуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ