Почитувани сограѓани,

Оваа изборна кампања ја започнавме чесно, без црни сценарија, говор на омраза и согласно сите прописи.

Ви се обраќам искрено за да потсетам за реализираното и да ветам за она што ќе го реализираме.

Општина Кочани во претходниот мандат спроведе прекрасна соработка со највозрасните и најискусните во општината, тоа се пензионерите.

Во Кочани се отворија 5 нови клубови за пензионерите, и тоа 3 во градот, кај Колор, Стара пожарна и на улица Скопска, а 2 во населените места во с.Тркање и с.Оризари.

Се отворија затоа што Општина Кочани се грижи за сите категории на граѓани, а целта е тие да продолжат со своите активности и да можат да продолжат со меѓусебно дружење во пензионерските денови.

Сакам да потсетам дека во претходниот мандат Општина Кочани изнајде простор и изготви проект за изградба на старечки дом од највисоки светски стандарди и ја подготви целокупната техничка документација за изработка на објектот, а во овој мандат 2017-2021 што следува имаме дадено ветување во нашата програма дека следната фаза ќе биде и изградба на старечкиот дом со обезбедени средства од Јавно приватно партнерство и странски донатори.

Сакам да ги потсетам пензионерите дека со народната владата на ВМРО ДПМНЕ пензиите перманентно растеа и со тоа се водеше грижа за пристоен живот највозрасните и најмудрите, а сега со оваа наметната вештачка влада тие се замрзнати, а трошоците за живот се повисоки, па со тоа и стандардот на пензионерите е помал.

Затоа почитувани сограѓани земете ја во раце програмата на Општина Кочани за мандатот што следува, прочитајте ги проектите кои се од голем број за развој на општината и кои се наменети за сите категории на граѓани од најмалите до најстарите и знајте со нас секогаш ќе имате можност да не проверите затоа она што го ветуваме и го реализираме.

Секогаш работа – секогаш Македонија, кон нови предизвици на 15 Октомври излезете масовно гласајте за реден број 13 за да ја отпочнеме новата ера на Кочани.

Благодарам

DSCN2710

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари