Почитувани,

Коалицијата предводена од СДСМ секојдневно добива се поголема поддршка од граѓаните. Нашата визија, нашите проекти, нашата единствена цел „Живот во Македонија за сите“, не обединува заеднички да го постигнеме зацртаното.

На коалицијата составена од 22 партии, во Кочани и се придружи и ВМРО – Народна партија за да учествува во враќањето на животот за сите граѓани во нашата општина. Ние и досега имаве успешна соработка, особено во Советот на Општината, каде заедно ги

Со приклучувањето на ВМРО – Народна партија кон коалицијата уште еднаш потврдуваме дека сите ние – леви, десни и партии од центарот, го слушнавме гласот на граѓаните, кои сакаат заедништво наспроти поделби. Ние сме за фер и демократски избори и се обврзуваме заедно и бескомпромисно да работиме во одбрана на правдата, вистината и иднината.

Затоа ги повикувам членовите и симпатизерите на ВМРО-НП и сите граѓани да ни ја дадат поддршката на овие локални избори за да го вратиме животот за сите.

Заедно сме посилни, заедно можеме повеќе.

За живот во општина Кочани, за живот во Македонија.

Гласајте за бројот 19, за нашите кандидати за градоначалник и за членови на Советот на општината.

ОО на СДСМ – Кочани

 

Почитувани,

Врз основа на Одлуката на ИК на ВМРО – Народна партија, а согласно постигнатиот договор за коалицирање на локално ниво, ВМРО – Народна партија ОК Кочани ги информира членовите, симпатизерите и јавноста дека донесе Одлука, на претстојните Локални избори кои ќе се одржат на 15.10.2017 година, да даде целосна поддршка за кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ и тоа на кандидатот за Градоначалник на Општина Кочани Г-дин Николчо Илијев и на Советничката листа на коалицијата предводена од СДСМ за Општина Кочани.

Кочани, 28.09.2017

ВМРО – Народна партија

Општински Комитет Кочани

Претседател, Живко Сенесов

DSCN2760

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари