Почитувани сограѓани,

Во изборот за градоначалник влегов за да ѝ дадеме предностна економијата, во која имам искуство.

За успешен локален бизнис потребна е инфраструктура, унапредување на јавните услуги и поедноставна регулатива. Но тоа не е доволно. Потребни се иницијативи за иновирање и меѓусебно учење. Така ќе создаде конкуретна локална економија. Така ќе се создадат нови и подобро платени работни места! Така ќе има повеќе пари за граѓаните!

Централната власт ја активира спиралата на покачување на платите. Ќе добиеме директна поддршка за домашните фирми, пред сѐ за малите и за средните претпријатија.

 

За младите, ќе отвориме центар за отпочнување и развој на бизнис.

Ќе ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината. Ќе воведеме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.

Чесната, посветена и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните!

На Општина Кочани ѝ треба побрз локален и регионален развој.

Само со добра економија може да има подобар живот за сите!

Ви благодарам.

DSCN2802

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари