Традиционалното собирање на стечајците од Кочани, секој Четврток кај „Летната сцена“ во „Паркот на Револуцијата“ денес резултираше и со средба со над кандидатот за Градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Собирот овој пат беше да се договорат како ќе постапуваат понатака по донесената одлука на Владата на Република Македонија со која се реши долгогодишниот проблем на стечајците. Средбата истовремено ја искористија да го поканат и Николчо Илијев за да го слушна и неговото мислење.

Илијев насобраните стечајци ги запозна најпрвин со неговата намера, односно истакнатата кандидатура за Градоначалник кој не доаѓа од ниту една партија бидејќи во никоја не членува. Истакна дека сака изборите да поминат мирно и достоинствено а дека секој треба да си гласа по своето убедување кога ќе се најде зад параванот. Илијев не го побара гласот на стечајците, како што досега некои претходници го правеа, не вети ништо што подоцна би му се вратило како бумеранг, напротив тој истакна дека задачата на еден градоначалник е решавањето на инфраструктурата на една општина, односно менаџирањето со неа за да се подобрат условите за живот на населението на сите полиња.

Тој сепак побара тие да ги кажат своите проблеми што ги имаат за да истите бидат нотирани па доколку сепак ја добие довербата да ја води општината да изнајде начин за нивно решавање, секако доколку истите спаѓаат во неговите ингеренции.

Очигледно беше дека самите стечајци беа позитивно изненадени од пристапот на Николчо Илијев и она што го презентираше на средбата.

С. Ивановски

DSCN2711

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари