Почитувани сограѓани,

Поразителен е фактот што младите во потрага по егзистенција се подготвени да ги напуштат Кочани и државата. Незадоволството трае предолго. Со чесно и одговорно работење, тоа може да се смени!

Кочани може да биде перспективна општина.

Создавање и развој на квалитетен кадар, креирање на нови и подобро платени работни места ќе ги задржат младите овде.

Кандидатот за градоначалник Николчо Илијев е подготвен да не поддржи со нашите идеи затоа што младите се клучен фактор во градењето на иднината на нашата заедница.

Со поддршка од централната власт ќе се отворат центри за отпочнување и развој на бизниси за млади.

Младите треба да се вклучат во дефинирање на своите приоритети. Да

влијаат да се промени нивниот живот и да имаат повеќе места за движење и забава. Ќе се обезбеди еднаква и транспарентна поддршка на сите младински здруженија и организации. Зголемување на фондот на општинските стипендии и стипендирање според фер критериуми за најталентираните и на најдобрите, но и на младите од социјално ранливите групи.

Дом на млади, младински културен и информативен центар, места и објекти за рекреација, поддршка на младински манифестации се само дел од проектите и содржините што се наменети за младите.

Ќе го заживееме локалниот младински совет заради реализирање на иновативни, забавни, хуманитарни и масовни проекти. Така младите повеќе ќе соработуваат, ќе имаат можност за донесување одлуки, за креирање и за младинско здружување.

Со младите – Кочани може да биде економски силна и просперитетна општина!

Ви благодарам.

DSCN3350

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари