Додека вечерва траеше забавата во Градскиот Трговски Центар во Кочани како дел од манифестацијата „Оризова бела вечер“ околу 23:30 часот на улицата „Кеј на Револуцијата“ спроти „ТТ Банка“ почнало да гори едно од дрвата.

Совесни граѓани веднаш ја известиле Противпожарната единица која за мошне краток период пристигнала на самото место и го изгаснала запаленото дрво, со што спречиле поголема штета бидејќи одозгора има кабли па со евентуално нивно палење и штетата ќе била поголема.

Граѓани ни пишуваат дека нивна претпоставка е дека некој несовесен минувач во распукнатото дрво фрлил или цигара или пак со нешто го запалил дрвото.

Како и да е, додека едни се забавуваа други што беа на должност, работеа.

Искрена благодарност до граѓанинот кој ни ги испрати фотографиите.

С.Ивановски

22155240_10155720465067302_

22155362_10155720464777302_

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари