Со „Зажнејувањето на оризова нива“ и „Вршење на гумно“ на една од нивите сопственост на „Институтот за ориз“ и официјално заврши годинешното 26-то издание на културната манифестација „Кочански денови на оризот 2017“.

Годинешната „Жетварска убавица“ Ангелина Димитрова заедно со двете свои придружнички Валерија Лазарова и Елена Ангелова, ги направија првите откоси а потоа во нивата влегоа и „жетварите“ кои со сите жетварски адети, со песна ја жнееја оризовата нива.

Откако беа врзани сноповите, истите беа однесени во дворот на „Институтот за ориз“ каде со ѕевгар беше вршидбата на гумно на оризовата арпа.

Од „Институтот за ориз“ настаните се пренесоа во „Паркот на Револуцијата“ каде имаше забава со Ефто Пупиновски а беа поставени и маси на кои имаше специјалитети од ориз специјално подготвени за оваа пригода.

С. Ивановски

DSCN3383

DSCN3432

DSCN3505

DSCN3476

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари