Викендот граѓанската иницијатива „Младите за Кочани“ организираше повеќе културни случувања во градот. Во петокот на повеќе локации во градот локални бендови и диџеи ги забавуваа случајните минувачи. Во саботата на споменикот на слободата одржаа форум театар со кој беа обработени неколку проблеми на младите од Кочани. Како дел од
настанот имаше промоција на книга и џем сешн (џез перфоманс). Мисијата на OSCE ненајавена беше присутна на настанот и ги следеше активностите на граѓанската иницијатива и имаше можност да разговара со нив за политичката кампања.
Младите за Кочани истакнаа дека на споменикот во иднина ќе има претстави од секаков вид, музички настани(журки, концерт, млади алтернативни бендови), изложби и се надеваме дека недела традиционално ќе биде ден за пикник и дружба надополнет со најразлични уметнички перформанси.
Младите ќе го вратат Кочани таму каде што му е местото!
Независна листа за советници на општина Кочани, носител Венко Крстевски.
Младите за Кочани! 55
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.