Со цел да се афирмираат детските права и со цел да се зголеми свесноста кај децата за правото на образование, правото на нивно слободно изразување, правото на активна вклученост во креирањето на културниот живот во заедницата како и зголемување на знаењата за заштита од секаков вид на дискриминација и насилство ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани од 02 – 06 октомври , се вклучува во одбележувањето на „Неделата на детето 2017“.

Во реализацијата на креативно-едукативната работилница на тема „Јас ги познавам своите права “ учесници се децата од Големите групи од сите четири клона на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани и клонот во населба Оризари.

Неделата на детето е повод да се актуализираат Детските права, но одговорноста за поддршка на нивната реализација и заштита од нивна злоупотреба, како институции кои директно сме поврзани со децата, ја носиме во текот на целата година.

По завршување на активностите во Неделата на детето, продолжуваме со реализација на програмата „Книгата патува во домот на секое дете“, која се спроведува втора година. Со цел да се мотивираат децата дел од своето слободно време да го поминуваат во читање книги и раскажување заеднички со своите родители, Библиотеката подарува книга на најмладите од која, истите своите импресии и заклучоци можат преку цртеж да ги искажат на ликовните материјали кои им се обезбедени.

Творбите од сите учесници ќе бидат поставени на изложба

во библиотеката што ќе биде отворена за сите граѓани на Кочани.

Координатор на двете програми е библиотекар Магдалена Кочовска-Салтирова.

DSCN3936

DSCN3940

DSCN3942

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари