ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА УЧИЛИШТЕТО СО „АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“

август 31, 2023
1 минути

Денес, нашето училиште СОУ,,Гошо Викентиев“- Кочани и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ потпишаа Mеморандум за соработка со Активностите на УСАИД Партнерства за економски раст и Млади кои активно создаваат можности.

Овој Меморандум означува продолжување на долгогодишната соработка помеѓу УСАИД, приватниот сектор и образовните институции во насока на развој на работната сила и раст на продуктивноста на компаниите.

Во претстојниот период, во рамки на средното стручно училиште во Кочани ќе се опреми нов тренинг центар за PLC (програмабилен логички управувач) програмирање. Програмабилен логички управувач е дигитален уред кој се користи за управување, контрола и следење на индустриската опрема врз основа на програмирање. Преку оваа соработка ќе се обучи кадар од компанијата и училиштето којшто ќе го пренесе стекнатото знаење на учениците во тренинг центарот.

Оваа инвестиција ќе им овозможи на учениците да се стекнат со знаења и вештини од областа на PLC програмирањето, што по завршување на образовниот процес ќе придонесе за вработување во приватниот сектор. Од друга страна, приватниот сектор ќе добие на располагање веќе обучена високо квалификувана (дефицитарна) работна сила со што ќе се влијае кон зголемување на продуктивноста во самите компании, но и место каде нивните вработени ќе можат да се доусовршат и стекнат нови знаења за PLC програмирање.

СОУ „Гошо Викентиев“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ