Денес некаде околу 10:00 часот во близина на ОУ „Раде Кратовче“ се случи непријатна случка, која за среќа помина без последици.

Имено, камион ги закачил жиците кои непрописно висеа и ја скршил целата бандера која падна на самата улица.

Полицијата веднаш изврши увид на местото на настанот и констатира дека камионот е со прописна висина односно проблемот е во ниско поставените жици.

На местото на настанот дознавме дека бандерата му припаѓа на „Телеком“ но жиците не се нивни, туку на некоја од кабелските телевизии.

Останува да се утврди чии се каблите и кој ќе понесе одговорност за нестручното поставување на инсталација.

Кој и да е виновен сепак останува прашањето: „Што ако децата од училиштето во тој момент беа излезени на одмор, што ако бандерата паднеше на некое од возилата или пешаците кои поминуваа по улицата „Коста Рацин“, кои за среќа во моментот на случката ги немаше?“

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари