Почитувани сограѓани,

Коалицијата предводена од СДСМ секојдневно добива се поголема поддршка од граѓаните.

На коалицијата составена од 22 партии во Чешиново-Облешево и се придружи и ВМРО Народна партија за да учествува во враќањето на животот за сите граѓани во нашата општина.

Со приклучувањето на ВМРО – НП кон коалицијата потврдуваме дека сите ние леви, десни и партии од центарот го слушнавме гласот на граѓаните кои сакаат заедништво наспроти поделби.

Ние сме за фер и демократски избори, и се обврзуваме заедно и бескомпромисно да работиме во одбрана на правдата, вистината и иднината.

Затоа ги повикуваме членовите и симпатизерите на ВМРО – НП и сите граѓани да ни ја дадат поддршката на овие Локални избори за да го вратиме животот за сите.

Заедно сме посилни, заедно можеме повеќе.

Почитувани граѓани, затоа гласајте за бројот 19, за нашиот кандидат за градоначалник и членови на Советот на општина Чешиново-Облешево.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари