Почитувани,

Секоја работа што сакаш да ја сработиш има причина зошто сакаш да ја сработиш и после сработеното има резултат .

Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ вети дека ќе ја намали невработеноста, ќе се сложите дека тоа е добра причина за да се работи, како ветивме така и направивме.

Резултатите се гледаат!

Резултат бр.1: – 2006-та година Кочани имаше 12.000 лица, сограѓани кои се од едната или од другата партија а кои се невработени. Денеска бројот на невработени изнесува 3.800 лица, ваквото трикратно намалување на невработеноста е резултат на два доминантни фактори а тоа е активните мерки за вработување и привлекувањето на странски инвестиции во Општината. Кочани го доби “Амфенол“ – американска компанија која претставува странска инвестиција од 6 милиони евра во производствен капацитет во Кочани ‘Амфенол’ веќе има две фабрики и три погони во Кочани. На крајот на 2015 година во компанијата „Амфенол“ има 515 вработени, на крајот на 2016 година, бројот на вработени се зголемува на 1.135 лица. Кочани ја доби и “Антура“ холандска компанија која изгради репроцентар за цвеќе. На крајот од 2015, „Антура“ во Кочани има вработено 163 лица. Кон крајот на 2016 година, бројот на вработени лица во компанијата се зголемува и изнесува 278.

А која е причината што овие инвестиции дојдоа во нашата општина? За да дојдат странските инвестиции беа потребни реформи, донесување на акти , инвестирање од страна на општината, менување на амбиентот во Кочани. Локалната самоуправа со подршка од советниците од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, го стори сето тоа!

Советот на општината одобри и даде залеено светло за изградба на приклучок кон фекална канализација во вредност од над 8 милиони денари, односно како локална самоуправа изградивме водовод и одводна канализација, тротоари, поставивме улично осветлување, работевме на целосно инфраструктурно уредување на овој дел, овие мерки беа клучни за тоа што „Антура“ дојде во нашата општина. Како советничка група донесовме и донесуваме важни одлуки кои резултираат со нови работни места.

Еве како изгледаше ова место пред 5 години (слика) а можете да видите како изгледа денеска. Ова не е резултат на празни ветувања, ова се должи на работа уште од првиот ден на мандатот. Кога зборуваме за бројот на вработувања во општината како бројка несмееме а да не ги споменеме сите резултати кои доаѓаат како последица на зголемување на бројот на работни места а тоа се подобрени услови за работа, трансфер на знаења, бенефити за постоечки локални бизниси, повеќе исплатени плати, придонеси! Ако го сумираме сето ова, секој кој има чесни намери ќе се согласи кога ќе кажеме дека тоа е добра Причина за да се гласа за број 13.

Затоа на 15-ти ја побараме Вашата подршка.

На 15-ти октомври излезете на гласање и гласајте за број 13!

Секогаш РАБОТА секогаш МАКЕДОНИЈА

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари